Досегашните преговори помеѓу Манчестер Сити и Рахим Стерлинг за продолжување на договорот на фудбалерот не даваат резултат, пренесуваат англиските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Англискиот репрезентативец оваа сезона е во животна форма, откако на 36 меча постигна 20 гола и запиша 10 асистенции во сите натпреварувања.
Стерлинг има договор со Манчестер Сити до јуни 2020 година, но раководството на „граѓаните“ брза да го задржи на подолг период.
Платата на Стерлинг во моментов изнесува 180.000 фунти неделно, но фудбалерот очекува значително зголемување, па тоа ги кочи преговорите околу новиот договор.
Кевин де Брујн неодамна го продолжи договорот со „граѓаните“, а Стерлинг од раководството бара да ја добие истата плата како Белгиецот.