Хрватскиот шампион ППД Загреб стана вториот патник на Ф4 турнирот во Задар по унгарски Веспрем откако денеска во драматичен натпревар славеше против Војводина.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Хрватите водеа во поголемиот дел од мечот, но српскиот шампион успеа да се врати во мечот и израмни со голот на Миленковиќ на 20 секунди пред крајот.
Човек на одлука беше Срна кој ја затресе противничката мрежа на само неколку секунди до крајот за 24:23 и го однесе Загреб во Ф4.
Најефикасен беше Иван Чупиќ со шест голови, а поранешниот играч на Вардар, Тимур Дибиров дебитираше со четири погодоци.