Дома Трансфер зона Заврши љубовта: Клаудио Браво се враќа во Шпанија!?

Заврши љубовта: Клаудио Браво се враќа во Шпанија!?

Голманот на Манчестер Сити, Клаудио Браво не се прослави во Англија, по после само една сезона помината на Островот најверојатно ќе го напушти „Етихад“ и ќе се врати во Примера.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Браво минатото лето по барање на Гвардиола ја напушти Барселона и се пресели во Манчестер Сити, но разочара со своите настапи и заврши на клупата за резерви.

Со оглед на фактот дека не сака следната сезона да ја грее клупата и да го пропушти Светското првенство, тој размислува за промена на средината, а најсилен интерес за него покажува Виљареал.

Раководството на „жолтата подморница“ смета дека Браво е идеалниот голман кој би можел да го замени Серхио Асењо, кој заработи тешка повреда на лигаметите од коленото.

Секако, проблем ќе преставува вистоката плата на Чилеанецот, кој ќе мора да прифати помала плата доколку сака да се врати во Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…