Фудбалерот на Интер, Иван Перишиќ денеска треба да ги помине медицинските прегледи во Тотенхем, објавија италијанските медиуми.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Хрватскиот репрезентативец не го продолжи договорот со Интер и ќе потпише двегодишен договор со лондонскиот клуб, а според медиумите овој 33-годишен фудбалер денеска треба да ги помине лекарските прегледи.




Перишиќ е во Интер од 2015 година и за овој клуб има постигна 55 гола на 245 натпревари.




Сезоната 2021/22 беше можеби негова најдобра во клубот, бидејќи постигна десет гола и девет асистенции на 49 натпревари во сите натпреварувања.