Дома Фудбал Англија Забележавте ли дека Санчез вчера играше во дербито на Манчестер?

Забележавте ли дека Санчез вчера играше во дербито на Манчестер?

Многумина веројатно и заборавиле дека чилеанскиот фудбалер, Алексис Санчез доби шанса од страна на „Оле Гунар Солскјер“ во финишот од натпреварот против Манчестер Сити.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Солскјер кога губеше со 2:0 мораше да посегне по Алексис кој е бледа сенка на оној фудбалер кој некогаш беше страв и трепет за противничките одбрани во Англија.

Колку е лош оваа сезона покажува фактот дека за 791 минути премиелигашки фудбал постигнал само еден гол. Навивачите на Јунајтед не очекуваат повеќе ништо од него и сакаат да си замине, но вчера во последните 12 минути мораа да го гледаат.

Како што се очекуваше Алексис не ги израдува, а лошата форма ја потврди со тоа што за тие минути на теренот оствари само еден контакт со топката…

После ова и сезоната во која беше лош, извесно е дека „црвените ѓаволи“ ова лето ќе направат се за да го продадат – на било кого, за било какви пари само да се ослободат од неговите огромни примања.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан испратил понуда за ѕвездата на ПСЖ

Милан испрати конкретна понуда до Пари Сен Жермен за Гонсало Рамош, објави Фабрицио Романо…