Mногумина ќе кажат дека кармата си ја одиграла својата улога.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бразилецот Малком подигна огромна прашина ова лето кога во филмско сценарио во последен момент ја изигра Рома и премина во Барселона.
Италијанците не му простија, ниту ќе го направат тоа. Напаѓачот тогаш сметаше дека направил добар потег и својата одлука ја оправда со зборовите: Барса ве повикува само еднаш.
Изгледа дека Шпанија не му е се баш по „мерка“ бидејќи настапи на два натпревари во Примера и собра вкупно 25 минути, Секако тоа е доволно добра причина за незадоволство.
„На секој фудбалер му е потребен период за адаптација и минути на теренот за да покаже колку вреди. Тој засега не ги добил, но ќе се докаже кога ќе добие прилика“, смета неговиот агент.
https://www.youtube.com/watch?v=OyTBj5X5ijQ