Дома Фудбал Германија За само еден месец вредностa на Халанд скокна за повеќе од 35 милиони евра

За само еден месец вредностa на Халанд скокна за повеќе од 35 милиони евра

Eрлинг Халанд продолжува да ја воодушевува фудбалската јавност.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Младиот норвешки репрезентативец за само една година израсна во вистинска европска и светска сензација. Прво немилосрдно тресеше мрежи во Салзбург, а потоа Австрија ја замени со Германија, ја избра Борусија Дортмунд и очигледно не погреши. Оваа сезона веќе постигна 10 голови во Бундес лигата.

Според пресметките на ЦИЕС вредноста на Халанд во изминатиот месец скокнала за 35.3 милиони евра. Значи, ако во октомври вредеше 120.3 милиони евра сега вреди 155.6 милиони евра.

Покрај Халанд уште еден играч на Борусија има голем скок во неговата цена. Во прашање е американскиот инернационалец Џовани Рејна кој е поскап за 34 милиони евра.

Во продолжение погледнете ја целата листа:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Нешто невидено досега во фудбалот му се случи на Нејмар: Судјата сам го замени среде натпревар!

Денес, Нејмар го одигра веројатно својот последен натпревар во дресот на Сантос. Овој слав…