Освен пресвртот на Борусија Дортмунд, денешните натпревари во Бундес лигата ги обележа и еден смешен автогол.
Голманот Рон Роберто Зилер во тандем со хрватскиот бек Борна Сосо го креираше еден од најкомичните моменти во оваа сезона. Имено, поранешниот бек на Динамо Загреб од аут ја врати топката до Зилер, кој ја средуваше копачката.
Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓
Кога сфати дека топка оди кон него се обиде да ја запре, но не успеаа и само и го промени правецот колку таа да заврши во мрежата, па така Вердер доби вистински подарок за изедначување.
Да не ја допреше, топката веројатно нмеаше да заврши во мрежата. Сепак, овој негов кикс Штудгарт не го плати скапо. Во продолжение од натпреварот успеаа да стигнат до втор гол и да ги освојат трите бода од оваа средба.