Во најголем дел од Европа спортските натпревари се уште се играат пред празни трибини или со минимален број на гледачи, но во САД работите полека се враќаат во нормала.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, во САД се одигра првиот настан пред полни трибини од почетокот на пандемијата. Во Тексас на безбол мечот помеѓу Тексас Ренџерс и Торонто Блу џејс присуствуваа 40.000 гледачи. Причина за ваквата слика која недостасуваше на спортските терени е имунизацијата на големиот број жители во државата Тексас.
Ќе потсетиме и во Русија за викендот на фудбалскиот натпревар помеѓу Спартак и Ростов на трибините присуствуваа 32.000 гледачи (тука).