Дома Фудбал Италија За прв пат во историјата: Откриено зошто Јувентус се откажа од традиционалните дресови

За прв пат во историјата: Откриено зошто Јувентус се откажа од традиционалните дресови

Jувентус пред неколку дена ги шокираше навивачите со изгледот на дресовите за наредната сеозна.

Имено, „старата дама“ за прв пат во историјата ќе се откаже од дресот со риги, а новиот домашен дрес би требало да биде поделен на пола (пола бел, пола црн), традиционалниот дизајни ќе изостане.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Исто така на дресот ќе има и една розева линија во чест на дресовите какви што „старата дама“ носеше пред црно-белиот. Навивачите на клубот од Торино во прв момент мислеа дека се работи за шега, но кога ги видоа Дибала и Бернардески сфатија дека работата е сериозна.

Јувентус за прв пат во историјата на клубот се откажа од ригите, а за тоа имаат многу добра причина. Медиумите на Апенините тврдат дека парите се клучен фактор.

Имено, дресовите со риги најмалку се продаваат помеѓу навивачите и повеќе популарни се резервните варијанти. Поради тоа Јувентус одлучил да направи драстична промена во изгледот на домашниот дрес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…