Дома Трансфер зона „За Арсенал да го доведе Влаховиќ овој месец треба да се случи нешто лудо“

„За Арсенал да го доведе Влаховиќ овој месец треба да се случи нешто лудо“

Познатиот трансфер експерт Фабрицио Романо даде свое мислење за ситуацијата на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ.

Влаховиќ е еден од најбараните напаѓачи во Европа. Фабрицио Романо смета дека Влаховиќ во јануари нема да ја напушти Фиорентина.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ситуацијата на Влаховиќ е и понатаму иста. Тој сака да остане во Фиорентина до лето. Ако Арсенал сака да го доведе сега мора да направи нешто лудо. Јас лично не гледам како неговиот трансфер би се реализирал до крајот на овој месец“, изјави Романо.

Ќе потсетиме, Арсенал покажа сериозен интерес.„Топџиите“ нудеа 70 милиони евра на Фиорентина и 10 милиони евра годишна плата на Влаховиќ. Сепак, како што сега стојат работите Србинот ќе го почека летото и понудите од другите клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …