Дома Трансфер зона Жоржињо се враќа во Серија А

Жоржињо се враќа во Серија А

Фудбалерот на Арсенал и италијански репрезентативец Жоржињо на лето ќе се врати во Серија А, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Жоржињо пред една година пристигна во Арсенал од Челзи и има договор до крајот на оваа сезона. Плејмејкерот на лето ќе ја промени средината, а негова желба е да се врати во Италија.

Неговиот агент веќе започнал преговори со неколку италијански клубови кои се заинтересирани за 32-годишниот плејмејкер.

Жоржињо блесна во дресот на Наполи, а со италијанската репрезентација имаше една од главните улоги во освојување на европската титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…