По долго време, Лук Шо ќе го стартува мечот од последното коло од групната фаза во ЛШ, против московска ЦСКА на „Олд Трафорд“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Овој меч за „Црвените ѓаволи“ нема резултатска важност, со оглед на тоа дека претходно ја обезбедија првата позиција во групата.
Лук Шо е стартер првпат оваа сезона, првпат по 219 дена.
Оваа сезона запиша два настапи, обата во Лига Купот, и тоа два пати од клупата.
Дали ова ќе го подобри неговиот статус во тимот, иако делува дека се мали шансите за тоа, останува да видиме.