Дома Топ вести Жозе Мурињо доби отказ, повеќе не е тренер на Рома

Жозе Мурињо доби отказ, повеќе не е тренер на Рома

Жозе Мурињо повеќе не е тренер на Рома, потврди утринава италијанскиот тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„АС Рома може да потврди дека Жозе Мурињо и неговиот стручен штаб го напуштаат клубот. Би сакале да му се заблагодариме на Жозе за неговата страст и труд од неговото доаѓање во клубот.

Отсекогаш ќе имаме убави сеќавања за неговиот престој во Рома, но веруваме дека нагла промена е најдобра за интересите на клубот.

Му посакуваме на Жозе и на неговите помошници се најдобро во идните предизвици“, стои во клупското соопштение.

Мурињо во Рим пристигна во 2021 година и во меѓувреме успеа да го донесе првиот европски трофеј со освојување на Конференциската лига.

Сепак, оваа сезона не започна добро, а поразот од Милан во минатото коло го реши Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сврзуваат уште еден англиски репрезентативец со Ливерпул

Ливерпул се интересира за дефанзивецот на Тотенхем Џед Спенс, пишува „Сан“. 25-годишниот с…