Дома Фудбал Останато Жо двоен стрелец, стрелаше и Жадсон, Коринтијас шампион на Бразил! (Видео)

Жо двоен стрелец, стрелаше и Жадсон, Коринтијас шампион на Бразил! (Видео)

Фудбалерите на Коринтијас по седми пат во клупската историја ја освоија титулата шампион на Бразил, откако во финалето го победија големиот ривал Фламиненсе 3:1 во Сао Паоло.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Коринтијас на три кола пред крајот на првенството стигна до недостижни десет бодови предност во однос на второпласираниот Гремио и ја прослави втората титула во последните три години.

Клубот од Сао Паоло славеше над Фаламиненсе после пресврт во второто полувреме, поранешниот напаѓач на Манчестер Сити, Жо беше двоен стрелец, а еден погодок постигна Жадсон и така донесе големо славје за домаќините.

Стрелец за тимот на Фламиненесе беше Енрике во втората минута од средбата.

По големиот успех Коринтијас доби честитки од својот поранешен фудбалер и еден од најдобрите напаѓачи во историјата Луисз Назарио Де Лима Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Биелса објаснува зошто не гледаше во камерата на фотосесијата за Светското првенство

Марсело Бјелса реагираше на неговата вирална фотосесија за ФИФА, при што одби да гледа во …