Дома Фудбал Италија Жиру: Како мало дете сум, направив голема глупост

Жиру: Како мало дете сум, направив голема глупост

Милан славеше со 2-1 против Специја во неверојатен финиш кога Оливие Жиру постигна гол за нови три бода, но потоа направи глупост и доби црвен картон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Францускиот напаѓач неколку минути пред голот доби жолт картон, а очигледно заборавил на тоа, па реши погодокот за победа да го прослави така што го соблече дресот и доби втор жолт картон.

„Росонерите“ така останаа со фудбалер помалку до крајот на мечот, меѓутоа Специја не успеа да дојде до израмнување.

„Тешко е да се најдат правилни зборови. Лут сум на себе, пред да го направам тоа, постигнав гол и поради адреналин решив да прославам, сè уште сум како мало дете“, вели Жиру.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ријад Марез веќе нема да игра за Алжир!

Ријад Марез се повлече од репрезентативната сцена по поразот на Алжир од Швајцарија со 2:0…