Дома Македонски спорт Мак ракомет Железничар подобар од Струга на стартот од Струшкиот турнир

Железничар подобар од Струга на стартот од Струшкиот турнир

Екипата на Железничар од Ниш, српскиот вице-првак и нов член на СЕХА Гаспром, ја совлада домашната Струга со 25-20 (14-12) на премиерниот натпревар од 46.издание на меѓународниот турнир.

Гостите од Србија кои зад себе во предсезоната имаат две победи над Металопластика, поведоа во воведниот дел со 6-3, потоа стигнаа и до плус пет, но Струга на задоволство на публиката се врати во игра и на полувреме намали на 12-14.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Таа разлика се одржуваше и во првата полувина на вториот дел, а потоа Железничар влезе во серија, на двата разлика додаде уште пет и мирно го одведе натпреварот до крајот.  На крајот Железничар славеше со 25-20, а најефикасен на натпреварот беше Спасиќ со пет гола.

Во домашниот табор предничеа Бајрамоски и Цитешвили со по четири гола.

Група „1“
Еурофарм Работник
Целје Пивоварна Лашко
Феникс Тулуз
Бешикташ

Група „2“
Струга
Железничар
Алингсас
Констанца

Распоред на натпревари:
15.08.2018
17.00 Железничар – Струга 25-20
19.15 Констанца – Алингсас
21.00 Целје – Еурофарм Работник

16.08.2018
17.30 Бешикташ – Еурофарм Работник
19.15 Железничар – Алингсас
21.00 Целје – Тулуз

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Миовски пресреќен: Чест ми е што сум во тимот на сезоната во Шкотска!

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски доби место во идеалниот тим на Премиер лига…