Дома Фудбал Жанг за првпат зборуваше за заминувањето на Конте

Жанг за првпат зборуваше за заминувањето на Конте

Антонио Конте му го донесе Скудетото на Интер кој на „Џузепе Меаца“ се чекаше цели 11 години, но набрзо потоа Конте изненадувачки ја напушти клупата.

Сега за првпат за медиумите на оваа тема зборуваше претседателот на Интер Стивен Жанг.

„Со Конте не ни се совпаѓаа визиите. Верував дека создаваме победнички проект и тоа на крајот се покажа како точно. Пандемијата со коронавирусот сериозно ги поогоди нашите приходи и влијаеше на финанисиите, па работите мораа да се променат, трошоците мораа да се намалат, а тоа се рефлектира на стратегијата на трансфер пазарот. Добро знаеме дека е Конте е голем тренер, во тоа нема сомневање, но моравме да мислиме и и на стабилноста на клубот“, изјави Жанг.

На местото на Конте во Интер дојде Симеоне Инзаги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пројковска на европска задача: во Лондон ќе го води дуелот Арсенал – Бенфика

Ивана Пројковска е назначена за главна судијка на средбата од третото коло во женската Лиг…