Дома Останати Ракомет ЕХФ му дозволила на Карабатиќ да игра и со позитивен тест

ЕХФ му дозволила на Карабатиќ да игра и со позитивен тест

Еден од најдобрите ракометари во светот Никола Карабатиќ имал позитивен тест после мечот помеѓу Франција и Холандија, но и покрај тоа ЕХФ му дозволила да игра против Исланд.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По пишувањата на медиумите оваа информација ја потврдија и од ЕХФ и ја објаснија својата одлука.

„Точно е дека Никола Карабатиќ доби позитивен тест по мечот со Холандија. Нашите медицински експерти ја прегледаа неговата медицинска историја затоа што и претходно беше заразен со ковид. Доби дозвола за игра затоа што имаше висок процент на антитела и не претставуваше закана за околината“, гласи објаснувањето на ЕХФ.

Крабатиќ беше позитивен на 22-декември и поради тоа пропушти дел од подготовките. Во следните натпревари ќе добива дозвола и со позитивен тест, нема да може да настапи само ако нивото на неговите антитела драстично се намали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Во Охрид немаат дилеми, утре одат по европска титула!

ГРК Охрид е на чекор до историски успех и освојување на европски трофеј. Во недела од 20 ч…