Дома Фудбал Италија Еуфорија во Лацио: Двете најголеми ѕвезди ставија потпис!

Еуфорија во Лацио: Двете најголеми ѕвезди ставија потпис!

Италијанскиот клуб Лацио денес ги израдува фановите и официјално потврди дека двете најголеми ѕвезди на тимот ставиле потпис на нов договор.

Имено, Чиро Имобиле и Сергеј Милинковиќ-Савиќ се обврзаа на верност со римскиот клуб до 2023 година.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


СМС беше еден од најбараните фудбалери летово на трансфер пазарот, а Лотито денес откри дека одбил богата понуда, додека Имобиле минатата сезона беше прв стрелец во Серија А.

Лацио успеа да ги задржи двете најголеми ѕвезди, кои притоа се согласија да ја продолжат верноста со римскиот клуб.

Финансиските детали од договорите не се познати, но италијанските медиуми откриваат дека со новите договори двајцата ќе заработуваат по 3 милиони евра по сезона плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…