Дома Фудбал Останато Есиен откри интересни детали за трансферот во Реал: Дојдов во Мадрид со тренерка од Челзи

Есиен откри интересни детали за трансферот во Реал: Дојдов во Мадрид со тренерка од Челзи

Микаел Есиен најдобрите денови од кариерата ги мина во Челзи, а потоа направи изненадувачки трансфер во Реал Мадрид.

Есиен доби повик од својот ментор Жозе Мурињо и без размислување му се приклучи во шпанската престолнина, а сега откри интересни детали за трансферот.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Бев со Челзи во Монако за Суперкуп натпреварот против Алтетико и ми заѕвони чуден број. Не одговорив, но мојот братучед кој беше со мене, ми порача да одговорам. Повторно заѕвонија и се јавив. Со првото „здраво“, сфатив дека е Мурињо“.

„Агентот ми рече дека испраќа факс и затоа го замолив возачот на автобусот да застане, а играчите на Челзи не знаеја што се случува. Морав да се вратам во хотелот за да го добијам факсот, а подоцна мојот агент дојде со договорот и го завршивме трансферот. На теренот им кажав на моите соиграчи дека одам во Мадрид и им објаснив што се случува“, раскажува Есиен.

„Се подготвив и отидов во Мадрид следниот ден. Се сеќавам дека пристигнав таму со пар панталони, маица и тренерка на Челзи. Дојдов на аеродромот и Мурињо ме чекаше таму. Подоцна направив медицинск прегледи и започнав со тренинзи. Но, сите се прашуваа зошто носам тренерка на Челси, не ми е јасно ниту сега“, откри Африканецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сити не го дава Де Брујне, му спреми нов договор

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, влезе во последната година од договорот, па с…