Дома Фудбал Англија „Енфилд“ останува неосвоива тврдина: Ливерпул со пресврт до нови три бода

„Енфилд“ останува неосвоива тврдина: Ливерпул со пресврт до нови три бода

Ливерпул уште еднаш покажа дека е неприкосновен пред своите гледачи и со пресврт успеа да слави во големото дерби против Тотенхем.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гостите поведоа уште во првата минута, Кејн се најде на право место и со глава реализираше за 0-1, а до крајот на полувремето Ливерепул создаде неколку шанси, но не успеа да постигне гол.

Хендерсон во 52-та минута погоди за 1:1 и го најави пресвртот. „Црвените“ доминираа и создаваа шанси, а победничкиот гол дојде после удар од белата точка, Салах беше сигурен реализатор за 2:1.

Манчестер Јунајтед конечно дојде до гостинска победа, откако го совлада Барнли со 1:3, а Арсенал испушти два гола предност и одигра 2:2 со Кристал Палас на „Емирати“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Светското првенство го сруши рекордот за голови во групната фаза

Тековното Светско првенство во фудбал официјално влезе во историјата, и тоа на импресивен …