Дома Останати Кошарка НБА Ентони Дејвис потпишува договор вреден 190 милиони долари

Ентони Дејвис потпишува договор вреден 190 милиони долари

Ентони Дејвис се договорил со Лејкерси за договор вреден 190 милиони долари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дејвис во Лејкерси пристигна минатата година во трејд од Њу Орлеанс Пеликанс. Веднаш со овој тим успеа да стигне до шампионскиот прстен, а по крајот на сезоната можеше да бира каде сака да ја продолжи кариерата.

Лејкерси секако направија се за да го задржат. После долги преговори договор е постигнат. Дејвис ќе потпише максимален договор со Лејкерси вреден 190 милиони долари.

Минатата сезона Дејвис играше навистина одлично. Уфрлуваше 26.1 поени по натпревар и имаше 9.3 скокови по натпревар, покрај Џејмс беше клучен човек на патот до титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…