Дома Фудбал Англија Енди Керол: Моите деца уште мислат дека може да заигра за Барселона или Манчестер Сити

Енди Керол: Моите деца уште мислат дека може да заигра за Барселона или Манчестер Сити

Eнди Керол во кариерата имаше свои моменти, некогаш беше најскапиот британски фудбалер и во трансфер вреден 35 милиони фунти премина од Њукасл во Ливерпул.

Минатата сезона не успеа да се избори за минутажа кај Стив Брус, па остана без ангажан во овој момент. Сега во интервју со Алан Ширер за „Атлетик“ откри дека неговите деца уште мислат дека може да заигра за Барселона или Манчестер Сити.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Помислив дека ќе ја завршам кариерата во Њукасл, дека ќе останам таму во наредните четири или пет години. Сепакј, поради многу причини тоа не се случи. За мене сетоа ова беше тешко. Моите деца уште мислат дека е ќе заигра за Манчестер Сити или Барселона, но знаеме дека тоа нема да се случи. Во овие моменти се обидувам да најдам нов клуб, сакам да играме пред очите на моето семејство“, изјави Керол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Изгледаше дека се е завршено, а сега Рагник го шокираше Баерн

Иако се најавуваше дека преговорите одат во добра насока, сепак, Рафл Рагник нема да биде …