Дома Останати Емотивна средба: Ѓоковиќ доби дрес од мајката на Дражен Петровиќ (видео)

Емотивна средба: Ѓоковиќ доби дрес од мајката на Дражен Петровиќ (видео)

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Задар, каде ќе се игра хуманитарниот турнир „Адриа Тур“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ѓоковиќ присуството во Задар не можеше да не го искористи да се сретне со мајката на еден од најдобрите кошаркари на овие простори, Дражен Петровиќ.

Првиот тенисер во светот ја поздрави мајката на прерано починатиот кошаркарски „Моцарт“, па тие при емотивната средба разменија подароци.

Ѓоковиќ од неа доби дрес на Дражен, додека тој на Бисерка и подари тениски рекет.

„Ова е многу емотивен момент. Ви благодарам госпоѓо Петровиќ што ни покажавте голема чест и задоволство. Ви благодарам на прекрасните подароци, ќе ги чувам на посебно место во својот дом. Дражен е легенда на целиот регион. Тој е почитувам и во Америка и секаде низ светот“, истакна Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тенисер на камера остави порака за Лионел Меси: Еве за каква љубов станува збор кон капитенот на Аргентина (Видео)

Иако звучи малку грубо, единствената вистина е дека сите други спортови и натпреварувања з…