Дома Фудбал Италија „Елмас требаше прво да игра во тимови како Сасуоло, Џенова или Сампдорија“

„Елмас требаше прво да игра во тимови како Сасуоло, Џенова или Сампдорија“

Поранешниот тренер, а денес стручен коментатор Енрико Феделе смета дека македонскиот репрезентативец Елиф Елмас избрзал со трансферот во Наполи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Елмас во Наполи пристигна за сума од 16 милиони евра, плус бонуси на барање на Карло Анчелоти кој повеќе не го води Наполи. За Феделе тоа не било паметен потег. Според Феделе потенцијалнот на Елмас не е спорен, но тој смета дека прво македонскиот бисер требало да игра во помали клубови.

„Зборувате згрешиле со Руиз и Лозано? Дали Елмас беше грешка? Тој е дете и го доведувате на позиција каде ги имате Руиз и Зјелински. Македонскиот фудбалер прво треба да игра за клубови како Сасуоло, Џенова или Сампдорија. Анчелоти имаше некоја визија, но не му успеа. Едноставно сакаше да направи нешто што не можеше. Имаше некоја идеја играчите во Наполи да играат на различна позиција, но тоа се покажа како невозможно“, искоментира Феделе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Mилан купи српски голман за милион евра кој нема ниту еден сениорски настап!

Младиот голман на ТСЦ, Илија Пантелин (18), ќе ја продолжи својата кариера во Милан, иако …