Дома Фудбал Останато Елмас блесна во полн сјај и го одведе Наполи во нокаут фазата од ЛЕ 🎥

Елмас блесна во полн сјај и го одведе Наполи во нокаут фазата од ЛЕ 🎥

Наполи обезбеди пласман во нокаут фазата од Лигата на Европа благодарение одличната вечер која ја имаше македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Се беше отворено во групата Ц пред денешните натпревари сите четири екипи имаа шанса за пласман во следната фаза. Наполи го победи Лестер и како второпласиран заедно со Спартак Москва продолжува во второто по ранг натпреварување во Европа.

До победата Наполи дојде најмногу благодарение на Елиф Елмас кој постигна два гола. Оунас го доведе Наполи во водство уште во четвртата минута, а 20 минути подоцна Елмас зголеми на 2:0. Гостите од Англија набрзина со двата гола на Еванс во 27. минута и Девсбери Хал шест минути подоцна дојде до изедначување. На пауза се замина со 2:2.

Во второто полуврем македонскиот дијамант одново блесна и погоди во 53. минута за нова предност на италијанскиот тим. Резултатот 3:2 на крајот се покажа и како конечен, Елмас ги одигра комплетните 90 минути.

Од останатите групи во следната фаза од натпреварите одиграни во овој термин продолжија: Лион, Ренџерс, Монако, Реал Сосиедад, Франкфурт и Олимпијакос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Никој не е безбеден: Мурињо донесе одлука која нема никого да остави рамнодушен во Реал Мадрид

Жозе Мурињо наскоро ја презема должноста тренер на Реал Мадрид, а Посебниот веќе донесе од…