Дома Трансфер зона Ел Шарави може да се врати во Милан

Ел Шарави може да се врати во Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека Стефан Ел Шарави е пред враќање во Серија А.

28-годишниот Италијанец сака да си замине од Кина и веќе започнал преговори со Шангај за раскинување на договорот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Ел Шарави минатото лето ја напушти Рома и се пресели во Кина во тимот на Шангај со кој потпиша договор до 2022 година.

Ел Шарави е спремен да прифати помала плата за да се врати во Италија, а за неговите услуги интерес покажуваат Рома и Милан.

„Калчомеркато“ пренесува дека Милан стапил во контакт со неговиот агент и сака да го врати на „Сан Сиро“, откако Ел Шарави во следните денови ќе биде слободен агент.

Ел Шарави својата фудбалска афирмација ја доживеа во Милан и сега може да се врати во поранешниот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…