Дома Трансфер зона “Ел Класико“ за фудбалерот на Ливерпул и тоа не е Кутињо!

“Ел Класико“ за фудбалерот на Ливерпул и тоа не е Кутињо!

Се спрема нова “војна“ помеѓу двата шпански гиганти Барса и Реал, овој пат на трансфер пазарот.

Како што пренесуваат британските медиуми, двата најголеми шпански клуба се заинтересирани за фудбалерот на Ливерпул и тоа не е Фелипе Кутињо за кого Барселона покажуваше интерес во претходниот период.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилецот веројатно ќе остане на „Енфилд“ и наредната сезона, а редовите на Ливерпул би можел да ги напушти талентираниот Бен Вудбурн.

Младиот Велшанец покажа дека поседува исклучителен потенцијал, Клоп му даваше прилика кога и да можеше, оваа сезона одигра девет натпревари за сениорите и постигна еден погодок.

Пред него е голема иднина, Клоп смета на него, но плановите би можеле да му ги расипат Барселона и Реал Мадрид.

Барса наводно веќе некое време го следи неговиот развој додека сонардникот на Вудборн, Герет Бејл го предложил овој фудбалер на „кралевите“. Велшанецот истакнал дека не смеат да ја пропуштат приликата да го ангажираат Вудборн, уште помалку да дозволат да го доведе Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…