Дома Топ вести Експресно постигнат договор: Закарија го засилува Челзи!

Експресно постигнат договор: Закарија го засилува Челзи!

Toмас Тухел по секоја цена сака уште еден последен играч за врска, а oткако стана јасно дека тоа нема да биде ниту Френки Де Јонг, ниту Едисон Алварез, Челзи се насочи кон друга мета и договорот експресно беше постигнат.

Јувентус го доведе Паредес, тука се уште Локатели, Рабио, Мекени, Мирети, се чека враќање на Погба, па така и Закарија како и Артур кој заврши на позајмица во Ливерпул стана вишок. Челзи го искористи тоа и брзо постигна договор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот инсистирше на трансфер затоа што сакаше клуб каде што ќе им поголема минутжа, а позајмицата одговораше и на двете страни. Челзи има право да го откупи Закарија на крајот од сезоната за 30 милиони фунти.

Како што објави Фабрицио Романо во овој момент фудбалерот ги поминува медицинските прегледи. Закарија во Јувентус пристигна во текот на зимскиот преоден рок, но не ги исполни очекувањата во Торино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…