Дома Фудбал Лига на шампиони Едно супердерби е загарантирано! Дали гигантите треба да им се радуваат на Монако и Лестер?

Едно супердерби е загарантирано! Дали гигантите треба да им се радуваат на Монако и Лестер?

Три шпански, две германски и по една англиска, италијанска и француска екипа – так аизгледа списокот на учесници во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Тоа е кремот на европскиот фудбал за оваа сезона.

Освен пласманот на Лестер меѓу осумте најдобри, нема некое друго поголемо изненадување. Иако, пробивањето на ланскиот шампион од Премиер лигата во четвртфиналето и не може да се смета за сензација. Но, затоа, списокот на останатите седум е вистински спектакл. Шампионот на Европа, шампионите на Шпанија, Германија и Италија. Најефикасниот клуб во Европа. Двојниот финалист во последните три години. Плус Борусија Дортмунд. Што да се каже повеќе на овие податоци?


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Четвртфиналето од оваа сезона на Лигата на шампионите ни гарантира барем едно големо дерби. Дури и две, ако се смета Борусија Дортмунд за дел од кремот на европскиот фудбал. Жребот за четвртфиналните дуели е во петок на пладне. Не е диригиран и може секој да игра со секого.

Можните се меѓусебни дуели на Барса, Реал, Јувентус, Баерн, Атлетико, Борусија…но, не знаеме дали великаните треба да им се радуваат ако им бидат извлечени за противници Лестер или Монако?

Што и да кажат топчињата во Нион, не чека феноменално четвртфинале на 11 и 12, односно 18 и 19 април. Осминафиналето по ефикасност беше спектакуларно, се надеваме дека динамиката во ЛШ ќе продолжи во таков стил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…