Дома Трансфер зона Една ѕвезда на Монако се договори со Челзи, заминуваат уште двајца!

Една ѕвезда на Монако се договори со Челзи, заминуваат уште двајца!

Монако е апсолутен хит оваа сезона во фудбалска Европа, па се очекува фудбалерите на овој тим да бидат главни ѕвезди во летниот преоден рок.

Сепак, од клубот од „кнежевството“ потврдуваат дека нема да има распродажба на најголемите ѕвезди, но сепак неколку фудбалери можат да си заминат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Нашиот бизнис модел добро работи и немаме потреба да ги продаваме најдобрите фудбалери. Мбапе, Лемар и Бернардо Силва веќе се изјаснија и сакаат да останат. Во година кога се игра Мундијалот овие фудбалери сигурно ќе останат во Монако“, истакна претседателот на клубот Васиљев.

Васиљев меѓу другото потврди и дека Жардим сигурно ќе остане на кормилото, а дозвола да заминат имаат Фабињо и Менди, доколку за нив пристигне соодветна понуда.

Исто така Монако ова лето ќе го напушти и Бакајоко, кој веќе има договор со Челзи, па останува уште двата клуба да се договорат за оштетата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан го избра наследникот на Жиру

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…