Дома Трансфер зона Една од легендите официјално го напушти Челзи!

Една од легендите официјално го напушти Челзи!

Бранислав Ивановиќ по девет години го напушти Челзи и кариерата ја продолжува во руската Премиерлига, во дресот на Зенит.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ивановиќ договори три и пол годишна соработка со Зенит, а иако финансиските детали не се соопштени, според шпекулациите тој годишно ќе заработува пет милиони евра.

Челзи му дозоволи на Ивановиќ како слобиден играч да се врати во Русија, иако со лондонскиот клуб имаше договор за уште шест месеци.

Дефанзивецот остави длабока трага во Челзи и стана легенда на клубот од „Стенфорд Бриџ“, одигра 376 натпревари , а постигнал 34 гола.

Со Челзи освои една титула во Лигата на шампионите, Лига Европа и Лига купот, два во Премиерлигата и три во ФА купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…