Дома Фудбал Репрезентации Единствениот грев на Дибала: „Виновникот“ Меси објасни како стојат работите во кадровските распределби

Единствениот грев на Дибала: „Виновникот“ Меси објасни како стојат работите во кадровските распределби

Ако може да се донесе заклучок на основа на последниот список, како и изјавата на Сампаоли, на Мундијалот нема да отпатува Паоло Дибала.

Напаѓачот на Јувентус и покрај фантастичната сезона и големиот потенцијал, никако да се избори за статус во репрезентацијата на Аргентина, а за тоа е „виновен“ ниту помалку ниту повеќе, туку Лео Меси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поточно, единствениот грев на Дибала е што игра на истата позиција како и асот на Барселона, па кога би се споиле во државниот тим некој би морал да „виси“. А познато е дека Лео не е за на клупа.

И самиот Дибала, пред неколку месеци, кога Сампаоли го прескокна по пласманот на СП, јавно проговори за таа тема.

„Тешко ми е да играм со Меси. Дејствуваме на иста позиција. Се обидувам да му оставам што е можно повеќе простор, но не е лесно“, се пожали Паоло.

А во пресрет на мечот помеѓу Аргентина и Шпанија во Мадрид, капитенот уверува дека „десетката“ на Јувентус ја кажал целата вистина.

„Зборувавме на таа тема и можам да ви кажам дека Дибала е во право. Тој во Јувентус игра на истата позиција, како и јас во Барселона. Кога сум во репрезентацијата, тогаш тој мора да се премести на левата страна во нападот. Не му е лесно. Тешко ни е на обајцата да играме на тој начин, бидејќи кога сме десно, тогаш ја пресекуваме средината и го имаме целиот терен пред себе. На левата страна тоа не е случај“, објасни Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…