Дома Фудбал Едерсон втора година по ред е „Златна ракавица“

Едерсон втора година по ред е „Златна ракавица“

Голманот на Манчестер Сити, Едерсон ја доби „Златната ракавица“ во Премиер лигата.

Наградата се доделува секоја година на голманот кој во најмногу натпревари успеал да ја сочува својата мрежа во Премиер лигата.

Бразилецот оваа сезона успеа на 18 меча да не прими гол, а бранеше на 35 меча во Премиер лигата.

Поради тоа втора година по ред наградата заслужено оди кај Едерсон, кој одигра клучна улога во освојувањето на титулата на Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сучиќ го матираше Симон со мајсторски удар, но дербито му припадна на Билбао

Хрватскиот играч погоди од околу 20 метри, но Реал Сосиедад загуби со 2:1 на „Сан Мамес“. …