Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Дани Себаљаос побарал да го напушти клубот до крајот на преодниот рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Себаљос остана дури шеста опција во средниот ред за Анчелоти, дури и кога се повреди Белингем, шанса добиваше Ѓулер.
Во таква ситуација Шпанецот и самиот е свесен дека во новата сезона ќе има мала минутажа. Прва опција каде што би продолжил е Бетис.
Себаљос е дете на овој клуб , но проблем е што Реал Мадрид за неговите услуги бара 20 милиони фунти што е премногу за клубот од Андалузија. Не е невозможно Реал да му излезе во пресрет и да го пушти на позајмица.
До крајот на преодниот рок има уште два дена, па така набрзо ќе биде позната и иднината на Себаљос. Медиумите шпекулираат и дека Реал ќе се обиде да доведе замена за Себаљос ако тој замине.