Дома Фудбал Англија Еден гол на Манчестер Сити му беше доволен за финале во ФА Купот (ВИДЕО)

Еден гол на Манчестер Сити му беше доволен за финале во ФА Купот (ВИДЕО)

Maнчестер Сити вечерва на „Вембли“ ја совлата екипата на Брајтон со 1:0 и така избори место во полуфиналето од ФА Купот.

„Граѓаните“ одлично го отворија натпреварот и веќе во четвртата минута стигнаа до предност. Кевин Де Брун ја уфрли топката од левата страна, а Габриел Хесус се најде на вистинското место и со глава погоди за 1:0.,


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Продолжи Сити да го контролира натпреварот, иако поголеми возбудувања немаше. Така треба да се издвои ситуацијата во која беше користен ВАР за да се одлучи дали Вокер ќе добие црвен картон поради судирот со играчот на Брајтон. На крајот помина само жолт картон.

Сити и во второто полувреме ги држеше работите во свои раце и го контролираше натпреварот. Може да се издвојат обидите на Стерлинг и Данило. На крајот голот на Хесус од четвртата минута се покажа како доволен за финале на „граѓаните“.

Во финалето Сити ќе игра против подобриот од натпреварот кој се игра утре помеѓу Вотфорд и Вулверхемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се прости од новинарите кои го следат Ливерпул. Еве како ги насмеа

Јирген Клоп го одработи својот последен натпревар како тренер на Ливерпул, клубот во кој с…