Дома Трансфер зона Европските гиганти полудеа по Мбапе!

Европските гиганти полудеа по Мбапе!

Килијан Мбаше е на радарот на голем број европски гиганти, а сега тој број се зголеми после фантастичните партии против Манчестер Сити.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Монако синоќа приреди големо изненадувањето и го елиминираше фаворизираниот Манчестер Сити од ЛШ, а главна ѕвезда во овој двомеч беше секако младиот Килијан Мбапе.

Францускиот фудбалер има само 18 години, во татковината веќе го нарекуваат „новиот Анри“, а на основа на она што можевме да го видиме се чини дека во целост го заслужува тој епитет.

Европските гиганти веднаш почнаа да покажуваат интерес за неговиот потпис, а најсилен е интересот на Премиер лигашите. Први во ред за неговиот потпис застанаа Манчестер Јунајтед, Арсенал и Манчестер Сити.

„Нашата цел е да го задржиме и следната сезона. Многу сме горди на него бидејќи е продукт на нашата школа“, изјави претседателот на Монако, Васиљев.

Следното лето големите клубови ќе се „тепаат“ за неговиот потпис, а моменталната цена на тинејџерот изнесува околу 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…