Екипата на Евертон ќе добие нов стадион, а веќе ги продадоа правата за неговото име.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Од сезона 2023/24 Карамелите ќе го напуштат Гудисон Парк и ќе се преселат на 500 милиони фунти вредниот Брамли-Мур Док, а иако за три години ќе играат на овој стаион, веќе ги продадоа правата за името на стадионот.
Ги купи рускиот милјардер Усманов, па така стадионот ќе го носи името по неговата компанија USM, а за десетгодишниот договор Евертон ќе инкасира неверојатни 200 милиони фунти.
Усманов веќе уплатил 30 милиони фунти за да биде главен спонзор на стадионот и очигледно е дека тимот од Ливерпул направи фантастичен потег со овој договор.
Капацитетот на стадионот ќе биде 62.000 гледачи, а клубот најави дека на овој стадион цените на влезниците ќе бидат малку повисоки од моменталните.