Дома Трансфер зона Евертон го подготува теренот, дали ова е знак дека Лукаку сигурно заминува?!

Евертон го подготува теренот, дали ова е знак дека Лукаку сигурно заминува?!

„Карамелите“ денес конечно го завршија трансферот за кој долго време се зборуваше.

Нов член на Евертон е Сандро Рамирез.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Момчето од Канараските острови, кој фудбалски се градеше во популарната школа на Барса „Ла Масија“ е доведен од Малага после одличната сезона во која постигна 16 погодоци во Примера. „Карамелите“ за услугите на Рамирез платија шест милиони евра.

Младиот репрезентативец на Шпанија потпиша договор на четири години.

21 годишниот напаѓач е четвртото засилување за Евертон во овој преоден рок. Претходно пристигнаа, Џордан Пикфорд, Дави Клансен и Хенри Онејкур.

Доаѓањето на Сандро на „Гудисон Парк“ би требало да го убрза враќањето Ромелу Лукаку од Челзи.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…