Дома Фудбал Останато Еве го одговорот: Дракслер ја открива вистината на Барселона

Еве го одговорот: Дракслер ја открива вистината на Барселона

Германскиот фудбалер, Јулијан Дракслер ги демантираше медиумите кои велеа дека тој во текот на летото преговарал со Барселона.

Местото на Дракслер во тимот е загрозено откако во ПСЖ пристигна Нејмар ова лето, па оттаму се поврзуваше со бројни екипи меѓу кои и Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мундо Депортиво дури тврдеше дека Дракслер преку своите застапници сам и се понудил на Барселона, но офанзивецот тоа го демантираше.

„Никогаш не сум ни размислувал за тоа да заминам. Никогаш не постоеа разговори со Барселона“, истакна Дракслер пренесуваат германските медиуми.

Германецот успешно закрепна од повредата и изминатиот викенд за ПСЖ го одигра целиот меч против Мец на кој Парижаните славеа со 5:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Изгледаше дека се е завршено, а сега Рагник го шокираше Баерн

Иако се најавуваше дека преговорите одат во добра насока, сепак, Рафл Рагник нема да биде …