Дома Фудбал Англија Дрогба откри кој е најблиску до клупата на Челси

Дрогба откри кој е најблиску до клупата на Челси

drogba

Откако Маурицио Сари го напушти Челси, веќе со денови се шпекулира кој ќе седне на клупата на Сините.

Се споменува дека тоа може да биде Френк Лампард кој една сезона го предводеше Дерби, па се појавува прашањето дали е спремен за толку голем предизвик.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот напаѓач на Сините и поранешен соиграч на Лампард, Дидие Дрогба открива дека двете страни водат преговори и се блиску до договор.

На прашањето кој би бил најдобар за клупата на Челси, Дрогба одговори:

„Тој кој моментално преговара за таа работа. Френк Лампард.“

Дрогба даде коментар за наводите дека Лампард го нема потребното искуство.

„Тогаш тој никогаш нема да биде подготвен? Треба ли да чека да влезе во 50те години? Ако тој се чувствува подготвен мислам дека не е прерано.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…