Напаѓачот на Челзи, Дидие Дрогба е вистинска легенда на Челзи, а со овој клуб во 2012 година ја освои Лигата на шампионите, додека една година подоцна триумфираше во Лигата на Европа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Секако, после толку натпревари одиграни за Челзи и толку години поминати во тој клуб Дрогба денес е голем навивач на „сините“. Тој вчера го гледаше полуфиналето помеѓу Ајнтрахт и Челзи во кое Челзи беше поуспешен после изведувањето на пенали.
Последниот пенал кој ја донесе победа за Челзи го изведуваше Еден Азар, неговиот гол беше причина за големо славје на Дрогба.