Дидие Дрогба реши на 39-годишна возраст кариерата да ја продолжи во американскиот третолигаш Феникс Рајсинг. Воедно, голгетерот стана и еден од косопсвениците на клубот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поранешен репрезентативец на Брегот на Слонова Коска, во ноември минатата година го напушти Монтреал Импакт и оттогаш е без ангажман, иако имаше понуда од Коринтијанс кариерата да ја продолжи во Бразил.
„Ми беше потребно време да решам за наредниот чекор. Верувам дека можам со овој клуб да остварам успех, како на теренот, така и во самата организација“, изјави Дрогба на промоцијата.
Дрогба е легенда на Челзи, во два мандати во овој клуб мина вкупно девет години и со 162 гола даде голем придонес во освојувањето на четири шампионски титули во Премиер лигата, ФА купот и Лига купот, а беше клучниот човек и во освојување на Лигата на шампионите.