Доскорешниот капитен и прв чувар на мрежата на ФК Победа АД Давор Талески кариерата ја продолжува во Финска.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Откако од непознати причини не успеа неговиот трансфер во Лахти, веднаш го контактирале челниците на повратникот во Првата финска лига Хонка. Дговорот е постигнат и потпишан на една година, со можност за продолжување на уште една година. Иако беше најдобар играч на пријателскиот меч Лахти-Хонка сепак клубот кој го донесе на проба го загуби а го доби Хонка, каде веќе е на располагање на тренерот на голманите шпанецот Ајозе Монтадо и Шефот на Стручниот штаб Веса Васара.
Интересно е дека во финскиот шампионат нема лимит и квота на странци па Талески ќе биде 9-ттиот странец во клубот во кој има по двајца срби и шпанци, американец, норвежанец, бразилец и англичанец. Меѓу странците е и српскиот интернационалец Немања Обрадовиќ, кој како позајмен од Рад во сезоната 2008/2009 настапуваше за Победа. Клубот има успешни и межународни настапи-16 во Лига Европа и 4 во Интер тото купот. Бил победник на Купот 2012-тта година, а во шампионатот на Финска најголеми успеси се 3-тото место во сезоните 2008, 2009 и 2013-тта. Хонка важи како клуб со најорганизирана и најмасовна фудбалска школа со над 1.000 членови.
Упорноста, макотрпната работа и несомнено квалитетот на Талески со овој трансфер му се исплатија. Истовремено овој трансфер од друга страна е и потврда за стручната и квалитетна работа во ФК Победа и пример кој треба да го следат останатите актуелни членови на клубот. Во секој случај продолжена е традицјата на интернационални трансфери на фудбалери од редовите на Победа, а на Давор му посакуваме да го стигне и престигне Илија Нестороски во неговата натамошна интернационална кариера а наскоро и повик во дресот со националниот грб. Честитки за трансферот на Талески, благодарност од ФК Победа за сите негови настапи во црвено-белиот дрес и многу успеси во натамошната кариера!