Дома Фудбал Германија Дортмунд со критики за Халанд: Тој ни стана товар во соблекувалната

Дортмунд со критики за Халанд: Тој ни стана товар во соблекувалната

Ерлинг Халанд реши ова лето да направи следен чекор во кариерата и ја напушти Борусија Дортмунд, па се пресели во Манчестер Сити.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сепак, за Халанд немаше добри зборови од Дортмунд, иако беше омилен меѓу навивачите. Спортскиот директор на „милионерите“, Себастијан Кел изјави дека Норвежанецот бил товар во соблекувалната.

„Колку и да го ценевме и се уште го цениме, тој веќе стана товар за соблекувалната и за клубот. И покрај се што направи за нас, тој на крајот се претвори во товар. Сите работи се вртеа околу него и тоа за мене не е добро. Токму поради тоа го продадовме, направивме добра работа за нас, но и за Сити. Тоа го потврдува и податокот кој вели дека оваа сезона десет гола дадоа десет различни стрелци, тоа е добро за нашиот тим“, изјави Кел.

„Посакувам да бевме сигурни во заминувањето на Халанд малку порано бидејќи тоа ни ги ограничи подготовките. Без него имаме можност да им веруваме на другите играчи“, додаде спортскиот директор на „милионерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Во продажба пуштени билетите за финалето од Купот на Македонија: Еве каде може да купите!

Фудбалската федерација на Македонија ги пушти во продажба билетите за финалниот натпревар …