Дома Топ вести Дортмунд го става Халанд на продажба, познат фаворитот за потписот

Дортмунд го става Халанд на продажба, познат фаворитот за потписот

Борусија Дортмунд се соочува со финансиски проблеми и ќе продаде најмалку една своја ѕвезда во летниот преоден рок, пренесуваат германските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Џејдон Санчо е на излезна врата од клубот, но во Дортмунд очекуваат најголемата заработка да ја направат со продажбата на Ерлинг Халанд.

Следното лето ќе се активира откупната клаузула во договорот на Халанд, која изнесува 75 милиони евра, а германскиот клуб верува дека ова лето може да го продаде за повеќе пари.

Главната битка за неговиот потпис ја водат гигантите од Манчестер и Реал Мадрид, но „граѓаните“ важат како фаворити за неговиот потпис.

Имено, „граѓаните“ на Норвежанецот му нудат астрономска плата од 24 милиони евра по сезона, сума која другите заинтересирани клубови не можат да му ја понудат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…