Дома Македонски спорт Дориан Бабунски се огласи по најавите за негово враќање во Бугарија

Дориан Бабунски се огласи по најавите за негово враќање во Бугарија

Дориан Бабунски одлично започна Во Дебрецин каде што пристигна во зимскиот преоден рок од Ботев Враца. Македонскиот фудбалер постигна два гола во минатото кола.

Веднаш по тој настап на Бабунски се појавија чудни информацвии дека иако пред само еден месец потпиша за Дебрецин би можел да се врати во Бугарија затоа што интерес покажала ЦСКА Софија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, самиот Бабунски ги демантираше таквите информации.

„Гледам дека се зборува за мое враќање во Бугарија во ЦСКА Софија, но јас не знам ништо за тоа. ЦСКА е клуб со голема традиција и со многу навивачи, но јас сега сум фудбалер на Дебрецин“, изјави Бабунски.

Меѓутоа не ја исклучува можноста да се врати во Бугарија во иднина.

„Фудбалот е спорт кој носи промени и секогаш се можни промени, никогаш не можете да знаете ништо. Зошто некогаш да не се вратам во Бугарија, вратата за враќање не е затворена. Но, како што кажав сега сум фудбалер на Дебрецин и ќе давам се за овој клуб“, порача македонскиот фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…