Дома Фудбал Италија Донарума по ремито: Среќен сум во Милан!

Донарума по ремито: Среќен сум во Милан!

Тимот на Милан во деншниот натпревар против Фиорентина ремизираше 1:1.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој натпревар за младиот голман Џанлуиџи Донарума беше 100 во дресот на „росонерите“ иако има само 19 години.

За жал, не го обележа со победа, а италијанските новинари и понатаму најмногу ги интересираше дали тој ќе остане во Милан.

„Имам договор на четири години и среќен сум тука“, порача Донарума.

Кога во прашање е деншниот натпревар во Фиренца, младиот голман не е незадоволен со конечниот епилог.

„Добро реагиравме по примениот погодок и се изборивме за изедначување. Навистина е прекрасно да одиграте 100 натпревари за Милан“, истакна Донарума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Хакими жали за ремито со Бразил – смета дека испуштиле победа против фаворитот!

Капитенот на Мароко Ашраф Хакими изјави дека натпреварот против Бразил не беше лесен, но д…