Дома Фудбал Италија Донарума: Милан е минато, уживам во Париз

Донарума: Милан е минато, уживам во Париз

Џанлуџи Донарума ова лето го напушти Милан како слободен агент и се пресели во Пари Сент Жемен.

Младиот италијански голман вчера го имаше своето деби во дресот на ПСЖ, не прими гол и беше воодушевен од новииот клуб.

„Милан е минато, уживам во Париз. Среќен сум тука, добро ме пречекаа во клубот. Сакаме што е можно повеќе победи и да ги израдуваме навивачите кои се неверојатни“, изјави Донарума.

Донарума е дете на Милан, запиша 251 натпревар за „росонерите“, но не се раздели во најдобри односи со италијанскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …